ПОТВРДЕНО: Двајца заболени од корона во Кавадарци, се чекаат резултатите од уште еден тестиран
20-03-2020 РЕГИОН

Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76 информираше вечерва министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

 

„Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи. Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.“ нагласи Филипче.



Share

Додади коментар