Поставена нова мерна станица за амбиентален воздух во Кавадарци
29-12-2017 РЕГИОН
Едната од трите мерни станици кои беа најавени од страна на Универзитеот „Гоце Делчев“ Штип при потпишувањето на Меморандумот за соработка со општина Кавадарци денеска е веќе поставена на објектот над „Тинекс“ и ќе биде во функција од утре, 30.12.2017 година, сабота - информираат од прес службата на општина Кавадарци.
Останатите две мерни станици ќе бидат поставени на почетокот од новата година.Едната ќе биде поставена во Ваташа и втората во Новиот центар.

Додади коментар