Поставен првиот слој на асфалт на „Северен булевар“ во Кавадари, асфалтирана уште една улица
01-11-2018 РЕГИОН

 

Завршен е првиот слој асфалтирање со дебелина од 9 сантиметри на Северен булевар. Во наредната фаза се асфалтира со слој со дебелина од 6 сантиметри. Проектот целосно се очекува да заврши до крајот на неделата – информираат од локална самоуправа Кавадарци.

 

Исто така од општината нагласуваат дека уште една кавадаречка улица доби нов асфалт. Се ревитализираше улицата „Тоде Мајсторчев“. На површина од 680м2 се постави нов слој асфалт.

 

 

Претходно беше отсранета старата и оштетена асфалтна подлога во должина од 160 метри, после што уследи постапка на подготовка со тампонирање и асфалтирање.

 

Со реализацијата на овој проект општината излезе во пресрет на барањата на жителите од овој дел на Кавадарци за подобрување на стандардите на живеење.

 



Share

Додади коментар