Последната недела помалку нови заболени од грип во Кавадарци
18-02-2014 РЕГИОН

Затоплувањето на времето најверојатно е главна причина што започна да опаѓа бројот на ново заболени од грип во Кавадарци. Во Центарот за јавно здравје минатата недела се евидентирани 482 лица со симптоми на грип. Ова во споредба со претходната недела значи дека сега имаме 134 помалку.

„Оваа сезона Кавадарци е на листата со градови каде има најголем број на заболени од грип. Од почетокот на сезоната, заклучно со минатата недела евидентирани се 2455 лица болни од грип“ рече д-р Ристе Јовановски.

Тој нагласува дека основните мерки за превенција треба и понатаму да се почитуваат, бидејќи грипот е сеуште присутен.

Да не се мешаат здравите со луѓе кои имаат симптоми на грип и редовно да се мијат рацете, советуваат лекарите.

А.Д



Share

Додади коментар