Последната недела најголем број заболени од грип во Кавадарци
28-02-2019 РЕГИОН

 

 

Честите промени на времето условија зголемено ширење на грипот, велат лекарите. Минатата недела се евидентирани најмногу нови заболени оваа сезона. И понатаму најпогодени се лицата на возраст од 15 до 64 години.

 

„Минатата недела имаме регистрирано 431 лице заболено од грип. Вкупната бројка оваа сезона е 1041 заболен. Не станува збор за нешто алармантно. Сме имале години и кога бројот бил далеку поголем“ вели д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

 

Тој нагласува дека оваа сезона е карактеристично тоа што помасовно вируост на грип започна да се шири подоцна.

 

Поради најавите на метеоролозите за затоплување, а потоа и за нов поладен бран, епидемилозите велат дека ширењето на грипот ќе продолжи.

 

Лекарите препорачуваат да се внесуваат повеќе течности и витамини. Да се избегнува непотребен контакт со веќе заболени.

 

A.Д



Share

Додади коментар