Последна фаза од реконструкцијата на улица „Мито Хаџи Василев“
08-10-2019 РЕГИОН

Градежните работи за ревитализација на ул.„Мито Хаџи-Василев“ се во последна фаза. Денес ангажираната оператива работеше на нанесување на завршен фин слој асфалт, на потегот од раскрсницата со ул. „Илинденска“ до спојот со ул.„Пионерска“ над гимназијата. Одвивањето на работите го следеше и градоначалникот м-р Митко Јанчев.


Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.


Градежната оператива претходно работеше на отстранување на старите рабници и поставување на нови, а беше отстранет стариот асфалт на дел од коловозната лента.

 


Финансиските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП - информираат од локалната самоуправа.



Share

Додади коментар