На последниот ден пред истекот на првиот рок, 3958 обрзници успешно регистрирале 9100 фискални апарати со ГПРС уред, информираат од УЈП.
И покрај постојаните апели од УЈП упатени преку средствата за јавно информирање, како и доставените персонализирани известувања до даночните обврзници за навремена регистрација и воведување на фискален апарат со ГПРС уред, околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат отпочнато оваа постапка.
Потсетуваме дека во првиот рок до 31 октомври 2014 година обврска да воведат фискален апарат со ГПРС имаат даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзници кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). Вториот рок е 31 јануари 2015 година, а се однесува за сите останати обврзници.
Законот предвидува времена мерка забрана за вршење на дејност и парични глоби за правното лице и одговорното лице, доколку немаат воведено фискален систем со ГПРС.
А.Д
Додади коментар