Со изманите на законот за судови е исправена голема неправда која ја трпеа жителите од Тиквешијата. Пред 11 години судот загуби дел од надлежностите па грѓаните беа приморани правда да остваруваат подалеку од своето место на живеење.
Еден од иницијаторите кои беше активно вклучен во тој процес е судијата д-р Лазар Нанев, вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“.
„ Тоа значи дека оваа надлежност во рамки на своето постапување ќе значи целосна стварна надлежност за сите кривични предмети, без оглед на висината на кривичната санкција, секако исклучувајќи ги оние предмети кои се во стварната надлежност на одделот за организиран криминал во Скопје, целосно преземање и постапување по граѓанските предмети, понатаму стопанските предмети, стечајните предмети и на крај предметите спрема деца“ вели д-р Нанев и нагласува дека оваа надлежност значи и зголемување на обемот на работа и потреба од ангажирање на дополнителен стручен кадар како од судии така и од стручни соработници кои треба да постапуваат по сите овие предмети.
Цели 11 години кавадарчани и неготинци правдата за посериозни предмети ја остваруваа надвор од своето место на живеење. Сега со враќањето на надлежностите на кавадаречкиот суд граѓаните без големи трошоци ќе доаѓаат до правдата.
„ Граѓаните на Кавадарци трпеа голема штета со тоа што трошеа и време и енегрија и средства одејќи во друг суд надвор од подрачјето на Кавадарци заради остварување на своите права. Таа голгота траеше 11 години. Еве неправдата е повторно исправена. Сега граѓаните многу брзо и правично ќе можат да ја остваруваат правдата во градот во кој што живеат“ додава Нанев.
Токму остварувањето на брза правда во местото на живеење бил и главен аргумент во лобирањето за враќање на надлежностите.
Ангел Данов
Додади коментар