Поскапуваат нафтените деривати

Повторно продолжува растот  на цената на нафтените деривати. Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 денари, додека на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Еуросупер БС-95 ќе се продава по 67,50 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари.

Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 55,50 денари за литар, а на Екстра лесно масло за домаќинство 44 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 26,9 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 60,4 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 54,7 денари.



Share

Додади коментар