Поскапе кавадаречкиот ѓеврек
08-09-2015 РЕГИОН

Славниот кавадаречки ѓеврек поскапе. Новата цена од 15 денари која се наоѓа поставена на ѓевречарските колички ги изненади кавадарчани кои вчераодејќина работа застанаа да го купат омилениот појадок.Ѓевречаритевелат нивните сопственици се одлучиле за покачување на ценатаоти биле зголемени итрошоците кои ги имаат. Всушност 5 денари и не се многу, ако се земе во предвид симболичната цена од 10 денари која со години беше заштитен знак на ѓеврекот во Кавадарци.

 

Сега веќе 15 денари е новата продажна цена на ѓеврекот на која навикнувавме во текот на вчерашниот ден. За оние кој се љубители на ѓеврекот 5 те денари плус воопшто не беа проблем, туку изненадување кое дојде после долг период.Од друга страна, проблеми со новата цена можеби до некаде ќе имаат продавачите на ѓевреци чии „математички знаења“ секојдневно ќе бидат ставени на тест. Според нив рамна десетка многу полесно се додава и вади од било која банкнота, но велат во работата се се учи брзо.

 

Коментарите меѓу кавадарчани се позитивни.Нивниот став е дека 15 денари е цена прифатлива ако се спореди со пекарските кифли кои допреа и до 30 денари, но се шегуваат дека сега ѓеврекот ќе им биде уште повкусен.Ваква ситуација имаше и пред неколку години, кога за да остане лесната пресметка на ѓеврекот по цена од 10 денари се намали неговата тежина.Потоа излезе новитетот со фискалните, но се помина и остана на старо.Сега нова е само цената на убавиот кавадаречки варен ѓеврек.

„Топли за само 15 денари“ е новиот статус на ѓервечарите.

Милица Младенова

 



Share

Додади коментар