Поради обилниот дожд заматена водата од Лукар
24-01-2015 РЕГИОН

Водата од градскиот водовод Лукар е заматена. Обилниот дожд но и топењето на снегот се причина да пожолти водата за пиење во чеммите на кавадарчани. Граѓаните не треба да се паничат, велат од кавадаречкиот центар за јавно здравје. Таму се следи состојбата и резултатите покажуваат дека та е бактериолошки исправна за пиење и хлорирањето е зголемено до максимум.

„Хлорирањето на водата е зголемено до максимум. И без провривање таа бактериолошки е исправна и може да се користи за пиење, освен провривање е потребно кога им се дава на малите деца. Во моментов хлорот е  присутен со 0,4мг/л. Почнато е постепено бистрење на водата“ рече д-р Трајче Ризов од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

Заматување на водата од Лукар се случува секогаш кога има пообилни дождови и во време кога почнува тоипењето на снегот од Кожув. ЈП Комуналец има во план годинава да изработи проекти за поставување на самоперачки гравитациони филтри за количините на вода кои доаѓаат од каптажите Лукар 1 и Лукар 2. Значи да се опфатат сите оптимални решенија за решавање на проблемот со заматувањето на водата. Со поставување на вакви филтри, според стручните лица во Комуналец ќе се врши прочистување.

Ангел Данов



Share

Додади коментар