Од Општина Кавадарци-Локална Самоуправа, информираат дека деновиве се врши гребење на слој од новиот асвалт на делницата од локалниот пат село Возарци-Брана ХЕЦ Тиквеш. Гребењето се врши од страна на фирмата изведувач на реконструкцијата, а врз основа на извршената ревизија од страна на надзорот.
Надзорот на овој проект го вршат овластени стручни лица од ЕУ како инвеститор преку Светска банка и претставници на општината Кавадарци. Имено се работи за следното. При извршениот надзор, се забележани недоследности во бараниот квалитет, при што е констатирано дека изведувачат поставил несоодветна подлога која отстапува од договорните обврски во делот на дебелината на асвалтната подлога.
Затоа надзорот поднесе барање до изведувачот, во законски определен рок и на сопствена штета да изврши санација на нотираните пропусти како би ја довел фактичката ситуација согласно одредбите од договорот помеѓу нарачателот и изведувачот на работите - стои во известувањето од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.
Додади коментар