Поради лош квалитет одново ќе се реконструира „Северен булевар“
30-10-2019 РЕГИОН
Поради оштетување на новиот асфалт на ул„Северен булевар“, Општина Кавадарци превзеде соодветни мерки за негово санирање.
Денес ангажираната оператива започна со гребење на оштетениот асфалт од целокупната површина на улицата.
Трошоците за санирање на пропустот се на товар на изведувачот.
Реконструкцијата на обиколницата „Северен булевар“ беше завршена во јуни годинава.
Додади коментар