Поради раконструкција на ТС 110/35/10 kV Кавадарци 2 за подобрување на континуитет во снабдувањето, во недела (07.12.2014) поголемиот дел од корисниците од град Кавадарци ( делови од градот кон Ваташа, Брушанско малоо, околу амбулатата, кај џамијата, околу Таска, кон судот, Голи оток, делови од новиот центар, стар монопол, Смилица и индустриската зона) и населените места Глишиќ, Марена, Сопот со сите индустриски објекти ќе останат без напојување од 09:00 до 15:00 часот, а делови од центарот на градот од 07:00 до 09:00 и од 15:00 до 16:00 ќе имаат кратки прекини во текот на денот поради воспоставување на резервно снабдување – информираа од ЕВН Македонија.
Во известувањето понатаму се нагласува дека без струја ќе останат и големите индустриски капацитети, ИГМ (Drekselmaer), Кожувчанка, Хотел Фени, Дрвен Комбинат, Кав Комерц, Флот Стакло, Петрови, Комуналец, Жито Југ, Ником, Метал Инвест и останати кои се во индустриската зона, како и корисниците од јавен интерес Градската Болница и Амбулантата.
„Со цел, безбедно и сигурно работење на подобрувањето на мрежата во одредени временски периоди напојувањето мора да биде исклучено. Планираните прекини ЕВН Македонија предвреме ги најавува за да можат корисниците да го планираат времето во кое ќе бидат без елекртрична енергија. “ велат од ЕВН Македонија и додаваат дека Корисничкиот енерго центар во Кавадарци интензивно работи на реконструкција на дистрибутивната мрежа во Кавадаречкиот регион. Досега биле инвестирани над 9 милиони денари во реконструкција на трафостаницата на 110kV Kавадарци 2, каде што се врши замена на 10 kV прекинувачи со нови и инсталирање на нова заштитна опрема за истите.
Од ЕВН бараат разбирање од корисниците и соработка со нив затоа што реконструкцијата на трафостаницата Кавадарци 2 ќе продонела за поквалитетно и сигурно снабдување на сите корисници. Се очекува дека до крајот на годината целосно да реализира проектот и сите тековни проблеми да бидат надминати – велат од ЕВН.
А.Д
Додади коментар