Вчера во попладневните часови во село Возарци непознато лице со возило комбе со платформа (корпа) неовластено, без никаква дозвола од општината, која е надлежна за одржување на јавното улично осветлување, поставило на столбовите за улично осветлување 4 рефлектрои и истите биле приклучени на мрежата за улично осветлување.
Во моментот на приклучување мрежата била во безнапонска состојба, а вечерта кога автоматски се вклучил системот за улично осветлување, поради нестручно и неовластено ракување на лицето, дошло до прекин на напојувањето на мрежата и уличните светилки престанале да светат, информираат од општина Кавадарци.
Поради овој див приклучок селото Возарци синоќа било без улично осветлување. Општината заедно со ЕВН КЕЦ Кавадарци превземаат активности за утврдување на видот и висината на штетата.
Додади коментар