Поради отстранување на дефект утре, 7 август, општина Неготино во периодот од 09 до 17 часот ќе нема вода за пиење.
Од Јавното претпријатие „ Комуналец “ Неготино информираат дека станува збор за отстранување на дефект на главниот доводен цевковод кој е лоциран на територијата на општина Кавадарци и токму затоа во текот на утрешниот ден стручни екипи на комуналното претпријатие ќе бидат присутни на терен и ангажирани на отстранување на дефектот, а заради непречено изведување на истите ќе мора да се сопре водата која доаѓа до домовите на неготинци.
Од Јавното претпријатие „ Комуналец “ Неготино ги замолуваат граѓаните за разбирање и ги информираат дека веднаш по завршувањето на активностите на терен, водата ќе протече во главниот водоснабдителен систем на Неготино.

Додади коментар