Поради горештините двојно повеќе работа за брзата помош во Кавадарци
28-07-2015 РЕГИОН

Горештините негативно се одразуваат врз здравјето на луѓето. Живата во термометарот се искачи до 40 степен, а веќе за следните два дена има прогноза дека ќе биде уште пожешко. Лекарите имаат полни раце работа. Од итната медицинска помош во Кавадарци информираат дека имаат двојно зголемен број на повици за разлика од просекот.

 

„Зголемен е бројот на интервенции на екипите на итната медицинска помош. Најчесто пациентите се жалат на вртоглавица, зголемен е бројот на колапси, срцеви и мозочни удари.  Лекарска помош се бара и поради цревни инфекции. Кај децата се бележат фебрилни состојби поради репираторни инфекции“ рече началникот на итната медицинска помош, д-р Антоан Паракеов.

 

Тој нагласува дека зголемен е бројот на сообраќајни несреќи поради што речиси секојдневно се интервенира. Исто така се бележат и зголемен број на интервенции поради повреди.

 

Советите од лекарите се да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 17 часот, да се избегнува напорна физичка работа, да се конзмумираат повеќе течности и лесна храна. Потребно е во овие денови кога температурите се високи да се избегнуваат алкохолни и кофеински напитоци. Хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија.

Ангел Данов



Share

Додади коментар