Попоски: Африкански бран со високи температури ја зафаќа земјава
01-06-2018 РЕГИОН

 

Африканскиот бран кој продира над нашата држава зема замав а според најновите анализи ќе продолжи и во текот на следните денови условувајќи многу високи температури на воздухот.

 

Денес (петок) времето во нашата држава ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност додека во попладневните часови само во западните планински предели ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

 

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, најавува метео прогнозерот Славчо Попоски.



Share

Додади коментар