Попладне и вечер врнежи од дожд
17-09-2013 МАКЕДОНИЈА
Во Македонија во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне нестабилно со локални врнежи од дожд во крајните западни, северозападни и североисточни предели, кои во текот на вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират на целата територија.
Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер, кој во западните предели ќе биде засилен и ќе дува со брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 30°C.

Додади коментар