Хуманитарната акција за собирање на помош за поплавените подрачја во скопско и тетовско продолжи и денеска. Граѓаните можеа да донираат материјални средства на два собирни пункта, на градскиот плоштад и во просториите на Црвен Крст.
Собраната хуманитарна помош од кавадарчани и компаниите во градот беа испратени до настраданите подрачја. Претежно се донираше вода, конзервирана храна, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција.
Од Црвен Крст Кавадарци изразуваат благодарност до сите граѓани што донирале, но и до бизнис секторот, особено до „Минекс“,„Ми комерц“, „Жито Југ“, „Ротари клуб Кавадарци“, „Еленов трејд“ и полициска станица Кавадарци.
Од Црвен крст потсетуваат дека граѓаните и компаниите можат својата хуманост и во наредните денови можат да ја искажуваат преку донации за настраданите од поплавите.

Додади коментар