Помина ребалансот на буџетот на општина Кавадарци
14-11-2015 РЕГИОН

Еден час советниците при кавадаречкиот совет  неможеа да го утврдат дневниот ред по кој ќе работат. Советниците од опозицијата бараа на дневен ред да се стави точка за загадувањето на воздухот во Кавадарци. Нивниот предлог беше одбиен со образложение дека стручното лице при општината е на службен пат и нема кој да даде објаснување на потребните податоци од мерната станица, а за загадувањето да се расправа на првата наредна седница.

 

По утврдувањето на дневниот ред започна расправата по ребалансот на буџетот и извештајот за третиот квартал од неговото извршување. Ссоветникот Горан Белевски од СДСМ побара службите да го поивикаaт градоначалникот и тој да присуствувал на седницата, бидејќи на дневен ред се наоѓале значајни точки. Поради службено патување градоначалникот не можел да присуствува па расправата по буџетот започна. Опозицијата забалежа дека се оствариле нивните оценки дека општината има предимензиониран буџет.

 

Советникот Зоран Бањански забележа дека имало тренд на опаѓање на комуналната изградба.

Политиката на оваа власт е таква, да се ствараат привиденија дека се работи и да се најавува дека ќе се работи“ рече Бањански. Слични забелешки изнесе и Горан Белевски. Тој констатира дека кварталниот извештај на седницата се разгледувал со задоцнување. Истиот требало да се гледа до 30 септември поради што бил прекршен и законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

 

Додека сум јас советник ова е најслаба реализација на општинсмиот буџет. Три години усвојуваме исти програми. Реализацијата на програмата за комунално уредување е многу слаба, исто е и во образованието и во детската заштита“ рече Белевски и предложи општината да го намали надоместокот за градежно земјиште како би се поттикнале домашните инвеститори да градат нови капацитети. Исто така Белевски предложи и ослободување од комунална такса на секоја фирма во првата година кога ќе биде отворена., а од истата давачка да бидат целосно ослободени фирмите во кои е вработено само едно лице.

 

Намалени приходи и слаба реализација на програмите констатира и советничката Божанка Минова. Советничката Милица Андова пак оцени дека имало непродуктивни трошоци и извештајот за реализирањето на буџетот во третиот квартал од 2015 бил послаб од минатогодишниот за истиот период.

Се сложувам дека имаме оптимитстички буџет, но до крај на годината ќе имаме подобра реализација. Ние од ВМРО-ДПМНЕ излегуваме со програма пред граѓаните и ветеното го реализираме “ рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев.

По дискусиите за буџетот советот го изгласа и ребалансот и кварталниот извештај со 11 гласа „за“ и 5 „против“ Усвоени беа и планот за програмите за развој и имените на програмата за уредување на градежно земјиште.

 

На дневен ред беше и одлуката за поништување на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за паркирање, изв ештајот за работењето на ЈП Јасмин и неколку урбанистички одлуки.

Советот одвои 80 илјади денари за подршка на проектот „Кавадаречки народни приказни“ .

Ангел Данов



Share

Додади коментар