Помалку првачња од лани и во Росоман

Ситуацијата со бројката на ново запишани првачиња и во општина Росоман е иста како и во Кавадарци. Според податоците бројот годинава е речиси преполовен. Минатата учебна година на 1 септември во прво одделение тргнале 40 првачиња, а годинава ОУ Пере Тошев од Росоман запиша нови 19 првачиња.

Директорот на училиштето Зоранчо Јовановски вели дека проблемот ја засега целата држава. Но исто така пак утешува дека според информациите од службите за бројката на нови жители во следните две години повторно бројот на првачињата ќе биде во пораст. Со оваа информација се сложува и градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов. И тој за ктв вели дека годинава иако бројот на првачиња е помал од лани ОУ Пере Тошев не треба да стравува бидејќи во следните години бројот ќе биде во пораст. Градоначалникот сепак се радува што податоците укажуваат оти наспроти ситуацијата во Росоман, сосема поразлична е сликата во околните села. Постојано се зголемува бројот на дечиња во Паликура, Сирково, Трстеник,Манастирец.

Како резултат на тоа вели Лазов е зголемувањето на бројот на првачиња што годинава во подрачните училишта ќе следат основно образование. За разлика од лани годинава овие училишта ќе имаат од три до пет првачиња повеќе.Дека образованието треба да биде квалитетно постојано потсетуваат надлежните, а локалните власти преку проекти постојано потенцираат оти вложуваат во современото образование без разлика на бројот на ученици. Новина за училиштето во село Паликура во иднина ќе бидат двете нови училници чија изградба деновиве ја најави градоначалникот Лазов.

Милица Младенова



Share

Додади коментар