Полицијата ќе се грижи за безбедно стигнување на учениците до училиштата во Кавадарци и Неготино
01-09-2016 РЕГИОН

Полициски службеници од Полициските станици Кавадарци и Неготино ,  почнувајќи од   1-ви Септември , ќе бидат поставени превентивно пред  основните училишта во Кавадарци и Неготино , заради безбедно доаѓање на учениците во училиштата, нивно безбедно движење и преминување на улиците.

 

            Апелираме до сите учесници во сообраќајот за поголема толерантност кон пешаците-особено кон децата и почитување на поставената сигнализација со цел: давање заеднички придонес за безбедноста во сообраќајот за најмладите.

 

Особено апелираме да се почитуваат правилата за запирање и паркирање на автомобилите непосредно пред влезот на училиштето, бидејќи со тоа се доведува во опасност движењето на другите учесници во сообраќајот- особено на учениците-пешаци .

 

            На сите ученици им посакуваме многу среќа и успех во претстојната училишна година - се вели во известувањето од СВР Велес.



Share

Додади коментар