Полицијата фати продавач на петарди и огномети
16-12-2015 РЕГИОН

Синоќа  околу 20.00 час. при преглед на патнички авотмобил марка „форд мондео“ управуван од 33-годишен жител на Кавадарци , пронајдена е поголема количина пиротехнички средства, односно, околу 1500 парчиња разни видови петарди и огномети.

Истите се одземени, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава од Законот за заштита од експлозивни матери, информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.


        На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес во сите основни и средни општински училишта секојдневно се реализираат едукативни работилници за превенција од употреба на пиротехнички средства и се укажува на можните штетни последици по здравјето на човекот од нивна неправилна употреба.

За таа цел, од страна на Отсекот за превенција изработени се пароли со пораки до возрасните, родителите и сите останати, да не купуваат и не употребуваат петарди и со тоа да не го загрозуваат здравјето на децата. 

 

 

 

 

 


  



Share

Додади коментар