Позитивни резултати како слика на организираното работење дадоа тековните активности спроведени од страна на ПС од ОН Кавадарци за изминатата седмица. Нашиот полициски извор вели дека при рутинска контрола откриена е кражба на дрва, фатени се измамници, но и уживатели на дрога.
Имено изминатата недела при рутинска контрола на влезот во Кавадарци кај Југо комерц полициските службеници во патничко возило автомобил пронашле еден кубен метар дрва при што е констатирано дека се работи за кражба.По деталната истрага дрвата биле одземени и дадени на чување во шумско стопанство Бор Кавадарци, а против сторителот е поднсена соодветна пријава.
Во два наврати минатата недела нашиот извор вели дека Полицијата фатила на лице место и двајца уживатели со мала количина на опојна дрога. Едниот од нив е фатен во комплексот на СС „Јасмин“, а вториот кај споменикот над ДТВ Партизан во Кавадарци.При претресот кај двајцата пронајдена е мала количина опојна дрога и истата е одземена, а за сторителите ќе има и соодветна пријава.Полицијата особено апелира да се внимава на измами кој подлежат на кражби.Се работи за измамници од женски пол и од ромска националност кој доста вешто успеваат да навлезат во емотивниот дух на граѓаните и да делуваат на нив како вешти народски кажано бајачи кои ќе им ги растурат маѓиите и ќе им го вратат мирот и љубовта во домот.Иако звучи смешно полицискиот извор близок до ктв потврдува дека само во изминатата недела расветлени се два вакви случаи на измама и против сторителите е поднесена соодветна пријава.Жени од ромска националност умешно доаѓаат до вниманието на граѓаните, барајќи милостина од нив и при тоа во разговорот потенцирајќи им дека врз нивното семејство има фрлено маѓија кои тие умеат да ја растурат.
Следниот чекор им е емотивноста на жртвата која сакајќи поубав и мирен живот подлегнува па ги следи упатствата и на измамниците им дава две чаши со вода од кои во едната става крстена и по еден примерок на златен накит од сите членови на фамилијата. Наводната бајачка го става златниот накит во чашата со вода и и ветува на жртвата дека ќе го однесе во црква да отстои една ноќ па ќе и го врати.Ова е целата приказна која се случува во ралноста и на која за жал подлегнуваат многумина не загледувајќи го фактот што токму припадници на ромската националност не влегуваат во црква вели нашиот извор. На ваков начин измамени с енеколку граѓани кај кои украден е златен накит и во вредност од 60 000 денари.Пријавените случаи за сега се откриени, само два во изминатата недела, но апелот е за да нема нови жртви да се внимава и на вакви и слични приказни кои доаѓаат на врата да не се верува апелира нашиот полициски извор.
Милица Младенова

Додади коментар