Полицијата спречи шверц на мигранти на автопатот Велес - Скопје
14-04-2015 РЕГИОН
Спречен е шверц на мигранти од Сирија. Возач на камион се обидел да превезе 100-тина илегалци. Утринава на автопатот Велес-Скопје се откриени сиријците. Откако возилото било сопрено од полицијата, избегале поголем дел од сиријските државјани. Само 15-тина беа на распит во велешката полиција..
Возачот на камионот е веднаш приведен. Ќе одговара за незаконско организирање превоз и транспорт на мигранти.. Неговиот адвокат потврдува дека со возилото се превезувала група од 100-тина илегалци.
Според неофицијални информации, сиријците се превезувале од југот на државата а крајната дестинација требало да им биде северната граница.
Зоран Јаневски
Додади коментар