Полицијата со пловно возило ќе контролира низ Тиквешкото Езеро
15-02-2014 РЕГИОН

Водени од потребите за поефикасно вршење на својата работа и должност МВР направи напори да изнајде модерен и современ начин за вршење конторли низ викенд населбите. За таа цел збогатен е и возниот парк на ПС од ОН Кавадарци, но овој пат со ново модерно половно возило кое вчера пробно беше пуштено во водите на Тиквешкото езеро.

КТВ  имаше ексклузивна можност да сведочи за оваа новина што би требало да значи намалување на кривичните дела и прекршоци кој често знаат да настанат токму покрај викенд куќите на Тиквешко.Станува збор за модерно пловно возило, опремено со најсовремена опрема и техника која треба да им помогне на нашите полициски службеници кој сега многу почесто ќе бидат во контроли низ Тиквешкото Езеро ни рече вчера помошник командирот на ПС Кавадарци Миле Трајков.Често околу викен куќите особено во деновите од викендот се случуваат кривични дела и прекршоци за кој подоцна истрагата и расветлувањето поради обезбедување на докази траат подолго.На овој начин и со почести контоли многу полесно ќе биде да се спречат прекршоците смета Трајков.Помошник команидирот на кавадаречката полиција информира дека наскоро и официјално ќе биде пуштено во функција новото пловно возило на кавадаречката Полиција по што ќе бидат одредени и редовните чести контроли низ Тиквешкото Езеро. Очекувањата на Трајков се дека истото и тоа како ќе помогне во спречувањето и намалувањето на прекршоците низ викенд куќите, но првично и во поголемо воведување на ред и мир низ речиси сите населби кој гравитираат околу езерото. Инаку кавадаречката Полиција ваков тип на пловно возило добива за прв пат.

М.М



Share

Додади коментар