Полицијата со апел до кавадарчани!
06-09-2018 РЕГИОН

 

Полициска станица од општа надлежност Кавадарци апелира до сите граѓани за време на манифестацијата Тиквешки гроздобер, во деновите 7-ми, 8 -ми и 9-ти септември, да ги користат своите моторни возила само во исклучителни ситуации, нужни потреби и кога тоа е неопходно.

 

Поради големиот број на културни настани во централното градско подрачје во овие денови ќе има изменет режим на сообраќајот, а движењето на возилата ќе се пренасочува по заобиколни улици.

 

Исто така овие денови во Кавадарци се очекува и поголемо присуство на граѓани од други градови во Република Македонија кои ќе доаѓаат со свои возила за да ги следат културните настани во нашиот град и кои што дополнително ќе ја зголемат фрекфенцијата во сообраќајот. Од овие причини, а заради избегнување на големи застои во сообраќајот, проблеми со паркирање на возила, уште еднаш апелираме до сите граѓани користењето на своите возила во овие денови да го сведат на минимум - стои во соопштението од кавадаречката полициска станица.



Share

Додади коментар