„ Вчера по наредба од Основен суд - Кавадарци извршен е претрес на домот на лицето Б.И.(22) од Кавадарци, при што е пронајдена марихуана. Пронајдената марихуана е одземена, а лицето Б.И. е лишено од слобода“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Кавадаречката полиција во текот на вчерашниот ден вршела претрес и во домот на неколку лица кои во изминатиот период украле поголема количина нафта од возила.
„ Во текот на последните три месеци на територијата општина Кавадарци и општина Росоман извршени се неколку Тешки кражби на нафта од товарни моторни возила, градежни машини и земјоделски машини, при што, е украдена нафта. Како резултат на оперативното работење на полициските службеници од ПС ОН Кавадарци на ден 06.12.2018 год. извршени се претреси кај повеќе лица од Кавадарци и с.Возарци и кај истите е пронајдена нафта и предмети со кои се извршувани кривичните дела“ вели Додевски и додава дека се работи на документирање на овие случаи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
А.Д

Додади коментар