Полицијата пронашла дрога кај кавадарчанец

 

Од полицијата информираат дека деновиве на улица „Фердо Росомански“ во Кавадарци кај 27 годишниот Н.Н од Кавадарци при извршен претрес полициски службеници пронашле наркотична дрога.

 

„ Лицето е приведено, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ информира инспекторот за превенција во кавадаречката полиција, Димитар Каракулев.

 

Исто така викеднов,  во Демир Капија,  полициски службеници при преглед на четири лица И.Ј.(24), А.Д.(20), двајцата од Демир Капија, М.Ј.(25) од Кавадарци и А.Д.(18) од Пробиштип одзеле неколку омоти со тревскаста материја, најверојатно марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

А.Д

 

 



Share

Додади коментар