Полицијата им делеше едукативни флаери на граѓаните со препораки за заштита
28-04-2020 РЕГИОН
Кавадаречката полиција денеска подели едукативни флаери за граѓаните на кои се испишани најновите препораки од Владата и кризниот штаб на Република Северна Македонија кои се однесуваат на спречување и ширење на Корона вирусот Ковид 19.
Со овие флаери уште еднаш се потсетуваат граѓаните на задолжителното носење на заштитна опрема, што спаѓа по заштитна опрема, каде и кога да се носи, држење растојание од два метри и др.задолженија и препораки кои мора да се почитуваат за да се спречи вирусот, за да се заштитиме себе си и нашите најблиски.
Флаерите беа поделени во централното градско подрачје и во парковите каде имаше голема раздвиженост од населението.

Додади коментар