Полицијата и ОСБСП со подароци за припадничките на понежниот пол
08-03-2021 РЕГИОН
По повод меѓународниот ден на жената - празникот 8 Март, ОСБСП Кавадарци во соработка со полициската станица им подели честитки и подароци на жените од Кавадарци.
„На жените вработени во Општа болница им поделивме празнични честитки, заштитни маски и Фреш пораки во знак на почит кон нив. На жените возачи им подаривме, заштитна маска, Фреш пораки за внимателно возење и честитка за празникот со која ги посетуваме дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи не е право на избор туку обврска на секој возач.– информира претседателот на ОСБСП Кавадарци, Љупчо Лазов и упати порака до сите жени да продолжат со борбата за родова еднаквост и поголема улога на мајката во семејството и општеството.
Додади коментар