Едукативни флаери за заштита и превенција од пожари денеска добија над педесетина граѓани кои беа упатени кон планинските предели.
Како да се заштитите од пожари, како истите да ги спречите и како да реагирате во случај на пожар се дел од мерките за превенција кои преку едукативен материјал допреа до граѓаните.
Акцијата ја реализираше одделението за превенција при ПС Кавадарци на раскрсницата кај браната во Ваташа , а дел од истата беа возачите упатени кон Михајлово, Кожув планина, Витачево и останатите излетнички места.
Од полицијата велат во текот на летото вакви акции се реализираат во повеќе наврати. Важно е да се потсетат граѓаните дека токму шумата е нашето најголемо богатство и дека основно правило е одговорност и грижа кон неа, велат инспекторите за превенција и потенцираат дека летото започнува со денешната прва акција, но ќе следуваат уште неколку, бидејќи ваквиот начин дава резултати и на повисоко ниво ја дига свеста кај граѓаните.На акцијата и претходеше советодавна група на граѓани.
На истата дискутираа речиси сите релевантни фактори од градот и беа донесени низа заклучоци. Еден од тие беше токму реализацијата на вакви превентивни акции со цел спречување на пожари. Препораките до граѓаните остануваат и понатаму исти. Да не се пали оган на отворено, да не се фрлааат стаклени шишиња, отпушоци од цигари и материјал кој е тешко запалив. При случај на пожар да се реагира брзо и да се интервенира до полицијата или територијалната противпожарна единица. Статистички во последните години бројот на пожари на територијата на Кавадарци е во опаѓање.
M.M

Додади коментар