Полицијата ги советуваше матурантите безбедно да ја прослават матурската вечер
28-06-2021 РЕГИОН

Во пресрет на матурските вечери кои во Кавадарци и во другите градови ќе се организираат оваа недела, денес секторот за превенција при ОВР Кавадарци  реализира средба со матуранти од средните училишта на тема  „Среќни и безбедни матурски вечери“.

 

„Целта на оваа едукација беше да им се укаже на матурантите на оваа за нив најубава вечер, да ја задржат присебноста кога е во прашање употребата на алкохол и управувањето со моторно возило и да ги почитуваат сите законски прописи. Се надеваме дека и родителите ќе го дадат својот придонес на оваа тема во разговор со своите деца, со цел да се спречат несакани последици по здравјето и животот на матурантите“ вели инспекторот за превенција Димитар Каракулев.



Додади коментар