Полицијата ги едуцира граѓаните како да ги заштитат домовите и својот имот
12-11-2015 РЕГИОН

Под мотото „Обезбеди го својот дом“ со цел превенција од провални кражби кавадаречката полиција денеска одржа средба со жителите од новиот центар на градот, каде во изминатиот период се регистрирани и повеќе провални кражби. Идеата е да се поттикнат добрососедските односи и да се даде акцент на едукација како да се заштитат домовите.

 

„Пред комплексот згради помеѓу улиците „Цветан Димов“ и булевар „Македонија“ на отворено ја одржуваме советодавна група на граѓани сооглед на состојбата која во последните три годни ни се случува. Можеби бројкта на провални кражби не е алармантна, меѓутоа ги има тешките клражби во станови. Како оддел за превенција решивме да поразговараме со граѓаните кога ги оставаат своите домови празни кои мерки да ги превземат за да се заштитат од крадците. Сакаме да ги поттикнеме добрите меѓусоседски односи, бидејќи соседството е тоа што придонесува до намалување на ваквите појави, како што велат постарите, соседот е најдобар чувар на твојот дом. Одзивот е добар и како полициска станица ќе продолжиме со вакви трибини и на други места каде штио има станбени згради“ рече самостојниот инспектор за превенција Димитар Каракулев.

 

Од почетокот на годината досега во Кавадарци се регистрирани десетина провални кражби. Најголем број од уапсените криминалци биле од други градови пред се од Прилеп.

Од полицијата советуват пред да заминете од дома задолжително да проверите дали се затворени сите прозорци и врати од балконите, влезната врата да биде двапати заклучена. Ако се излегува за кратко од домот да се остави запалено светло, вклучено радио или тв приемник. Ако при излегување од домот во влезот на зградата или на улицата забележите сомнителни лица и возила веднаш повикајте го бројот на полиција 192. Тоа се само дел од советите кои им ги дава полицијата на граѓаните со цел да се спречат тешки кражби.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар