Полицијата апелира внимателно за новогодишните празници
31-12-2018 РЕГИОН

 

 

По повод Новогодишните и Божиќните празници, полициска станица од општа надлежност Кавадарци, апелира до сите граѓани на општините Кавадарци и Росоман да посветат поголемо внимание на заштита на сопствениот имот, личната безбедност, безбедноста на останатите граѓани.

 

Воедно, истите се предупредуваат, за време на празниците да се воздржат од употреба на пиротехнички средства, како и други девијантни и незаконити однесувања со кои се загрозува јавниот ред и мир и личната сигурност на граѓаните.

 

Возачите на моторни возила да не управуваат возила под дејство на алкохол  или пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

 

Им се укажува на сите граѓани дека како и секогаш се должни да се придржуваат и да ги почитуваат законските регулативи од сите области.


За секое незаконито однесување кавадаречката полиција ќе ги превзема потребните мерки и активности за санкционирање на истите.

 

За секоја регистрирана ваква појава, од страна на граѓаните да се известува на телефонски број 192.



Share

Додади коментар