Полициски службеник од Демир Капија го силувал својот син
16-08-2023 РЕГИОН
Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело Родосквернавење врз сопствениот син кога бил на возраст од 17 години по чл. 194 ст.1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст.1 т.3 вв чл. 168 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст.4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 16.08.2023 донесе Решение за определување мерка Притвор во траење од 30 дена спрема лицето З.П. полициски службеник од Демир Капија на возраст од 50 години - информираа од Основен Суд Кавадарци.
Дознаваме дека осомничениот бил вработен во гранична полиција.
Додади коментар