Учениците и професорите од стручното „Коле Неделковски“ учат како да постапуваат во случај на пожар или земјотрес.. Територијалната противпожарна единица Велес денеска одржа вежба во училиштето..
Евакуација и пронаоѓање на повреден ученик – ова беа вежбите кои денеска ги реализираше противпожарната единица.. Командирот Љупчо Лепидовски смета дека ваквите показни вежби придонесуваат во заштитата од појава на пожари во објекти каде присуствуваат поголем број луѓе..
Велешките пожарникари презентираа и како се ракува со противпожарен апарат.. Сметаат дека правилната употреба може да спречи појава на поголем пожар..
Од училиштето коле неделковси велат дека неопходно е да се одржува противпожарна вежба.. Таква во училиштето немало повеќе од 25 години..
Вежби за евакуација и справување со пожар, територијалната противпожарна единица ќе реализира и во останатите училишта во градот..
З.Ј

Додади коментар