Познати добитниците на наградата „8ми ноември“ во Неготино
05-11-2013 РЕГИОН

Синоќа советот на општина Неготино во рамки на редовната осма седница ги разгледа и усвои извештајот и прогамата за работа на детската градинка „Фемо Кулаков“, годишната програма за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење за 2014 годинам прелог оперативниот план за дејствување во зимски услови на јавни претпријатија и установи основани од општината, трговски друштва и органите на општина Неготино. Беа усвоени и повеќе урбанистичко плански документи. Советничката група на СДСМ по примерот на своите колеги од останатите општини во знак на подршка на претседателот на советот на општина Центар ја напушти седницата.

На вчерашната седница советот ги усвои и одлуките за доделување на наградите по повод општинскиот празник 8ми ноември.

За почесен граѓанин  на Неготино постхумно се прогласува Лазар Манчевски-Пинџур од Скопје–истакнат македонски поет за својата досегашна работа во сферата на културата со која даде посебен придонес во афирмацијата на општина Неготино.

Општинското признание 8 ми ноември се доделува на Дрексл маер, Васка Мојсовска-земјоделец, Филип Пушкинов-иноватор, Д-р Иван Иванов-специјалист радиолог, Д-р Дејан Донев-доктор по филозофски науки, карате клуб „Антигона2“ , КУД „Јане Сандански“  и Фолклорниот ансамбл „Ацо Ѓорчев“.

Признанијата им се доделуваат за остварени резултати во областа на стопанството, здравството, нуаката,спортот и културата помеѓу двата празника 8 ми ноември и нивниот придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на општина Неготино.

Наградата 8ми ноември годинава за остварени резултати во стопанството се доделува на „Емша шпед“ ДООЕЛ Неготино.

A.Д

               



Share

Додади коментар