Познати добитниците на наградата „8 ми ноември“ во Неготино
31-10-2014 РЕГИОН

  На предлог на Комисијата за доделување награди и признанија при општинскиот совет, советниците во Советот на општина Неготино на синоќешната одржаната 18 редовна седницата ја усвоија одлуката за доделување на награди и признанијата по повод празникот на општина Неготино8-ми Ноември.

 

 Така, добитници на признанијата за 2014-та година се Лукас Мурингер – менаџер на ДММ Дрекслмаер Мануфактурниг Македонија, Здружението на граѓани Ековита од Неготино, младиот планинар Ване Бошев, магистерот на науки Ристе Волчев и Центарот за регионален одржлив развој од Неготино.

 

Признанијата им се доделуваат за остварени резултати од областа на стопанството, науката, спортот, културата и техничката култура помеѓу двата празника и нивниот придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на општина Неготино.

 

Врз основа на Статутот на општината и Одлуката за востановување општински награди и признанија, Советот на општина Неготино исто така одлучи годинашен добитник на највисоката општинска награда по повод празникот 8-ми Ноември да биде „ Фабрика Слобода АД “ Неготино за остварените резултати во областа на стопанството.  Станува збор за акционерско друштво кое е сукцесор и продолжувач на традицијата на производство на електро-метални производи од 2005 година – фабрика која денес располага со новоизграден производствен и магацински простор, административни простории, современа опрема и кадри за обавување на дејноста во делот на производството, трговијата и услужните дејности. “ Фабриката Слобода АД “  ја раководи менаџерски тим на чие чело е генералниот директор Цане Коцевски и одбор на директори. Наградата на претставникот на ова акционерско друштво како и признанијата на овогодинешните добитници ќе им биде врачена од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на свечената седница на Советот на општина Неготино која ќе се одржи во петок на 07 ноември во Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ со почеток од 12 часот.

 

Маја Алексовска



Share

Додади коментар