Започната е веќе грејната сезона, а неисчистените оџаци можат да бидат сериозна опасност за домовите кои се затоплуваат на тврдо гориво. Кавадаречката противпожарна единица апелира до граѓаните за време на грејната сезона три пати да ги исчистат оџаците за да избегнат пожар.
„Чистењето на оџаците треба да врши три пати во годината, на почетокот , на средината и на крајот на грејната сезона. Најопасно е да се врши палење на оџакот, може пламенот да се поврати во соба.Деновиве имавме и таков случај. Сопственикот на куќата не повикал оџачар,туку сам го запалил со хартија. Пламенот се повратил во соба и настанал поожар“ рече командирот на кавадаречката против пожарна единица Илчо Богевски. Тој нагласи дека годинава регистрирале помал број на пожари споредено со минатата година.
Во Кавадарци намален е бројот на пожари каде интервенирала противпожарната единица . Споредено со минатата година кога се случиле 170 пожари годинава заклучно со денешниот ден евидентирани се интервенции во 125 поажри, информира командирот на кавадаречката противпожарна единица, Илчо Богевски.
„Годинава имаме 125 поажри од кои 30 на отворен простр и шумски пожари , 80 на затворен простор и 15 технички интервенции од кои интервениравме и во пет сообраќајни несреќи.. Споредено со лани, годинава помал е и бројот на шумски пожари, од 70 е намален на 30“ рече командирот на противпожарната единица, Илчо Богевски.
А.Д
Додади коментар