Пожар во близина на селото Фариш
01-08-2017 РЕГИОН

Пожарникарите од кавадаречката територијална против пожарна единица се борат со пламените јазици кои зафатија ниско стеблеста шума и трева во атарот на селото Фариш.

 

Според информациите од командирот на противпожарната единица, Илчо Богевски, на терен интервенираат со две пртоивпожарни возила и шестмина пожарникари.

 

Пожарот е на околу двеста метри од селото и засега пламенот се држи под контрола.

 

Дополнително ќе се прават проценки за причините за пожарот, зафатената површини и материјалната штета.

 

А.Д



Share

Додади коментар