Поевтинуваат горивата

 Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, додека цената на дизелот и на екстралесното се намалува за половина денар. Ваква е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика донесена денеска.

 

Согласно истата, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 70,5 денари, додека литар еуросупер БС-98 по 72,5 денари.

 

Новата цена на еуродизелот изнесува 53 денари за еден литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,5 денари.



Share

Додади коментар