Сите спортисти и спортски клубови кои делуваат на подрачјето на општина Кавадарци од вчера можат да конкурираат за финансиска подршка од локалната самоуправа. Објавен е јавниот повик за прибирање на апликации за финансиска подршка од општинскиот буџет.
Како што е наведено во повиокот, распределбата на парите од општинската каса ќе се врши по претходно утврден правилник за критериумите за финансирање на програми, проекти, натпревари и спортски манифестации за оваа година.
Спортистите и клубовите кои ќе аплицираат е потребно да достават решение за вршење спортска дејност согласно Законот за спорт, доказ за обезбедени соодветни објекти, опрема и стручен кадар и доказ од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува.
Исто така спортските работници кои ќе аплицираат на повикот имаат обврска со барањето да достават и детално разработена програма или проект со активности за тековната година и детално разработен финансиски план.
Градоначалникот Александар Панов вели дека ќе се разгледуваат само апликациите кои имаат и комплетна документација која се бара со повикот.
Ангел Данов

Додади коментар