Подрачното одделение на ДЗС Kaвадарци на помош во Дебар
18-03-2020 РЕГИОН
Вработените во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување Кавадарци, од вчера се присутни во Дебар, со цел да помогнат на населението поради кризната состојба со корона вирусот.
На терен се присутни со две возила, од кои едното е сопственост на ДЗС, а другото е добиено на времено користење, благодарение на одличната соработка со ЈП Комуналец Кавадарци.
Од кавадаречкото одделение на ДЗС апелираат : Драги кавадарчани, ќе има време за се! Ова се моменти кога треба да ги почитуваме мерките се со цел да се самозаштитиме и да ги заштитиме нашите најблиски. Останете дома!

Додади коментар