Последниот ден од јуни е последен ден за поднесување барања за субвенции. Од подрачната единица на МЗШВ велат дека најголем дел од земјоделските производители ја завршиле обврската за аплицирање, но апелираат до сите кои не поднеле барање за финансиска подршка од државата тоа да го направат во текот на утрешниот ден.
„Досега се поднесени над 6200 барања. Бројот на примени барања е идентичен со лани. Се надеваме дека ниеден земјоделец нема да го испушти рокот за аплицирање“ рече раководителот на подрачната единица во Кавадарци, Зоран Шалев.
Тој информира дека веднаш по завршувањето на рокот за поднесување на барања за субвенции се продолжува со аплицирањето за субвценции за осигурување на земјоделските посеви од елементрни непогоди. За оваа мерка производителите ќе можат да аплицираат до крајот на август.
Ангел Данов

Додади коментар