Поделени корпи за отпадоци на 230 велешки семејства
21-10-2014 РЕГИОН

230 велешки семејства добија корпи за отпадоци.. Јавното комунално претпријатие дервен во соработка со локалната самоуправа го реализираат проектот за снабдување на домаќинствата со стандардизирани корпи за смет. Според локалните власти, ова е прв чекор во процесот на селектирање на отпадот кој треба да го прават и домаќинствата..

Корпите за отпад ќе ја подобрат хигиената, а ќе се  модернизираи процесот за собирање на сметот, велат граѓаните..

Обезбедување корпи за комунален смет за семејствата е пробен проект.. Се реализира на четири улици околу центарот за јавно здравје.. Канти до 120 литри добија жителите кои живеат на улиците костурска, андреа дамјанов, партение згорафски и пајак планина.. Според локалните власти, доколку проектот се покаже успешен, во следниот период се планира сите домаќинства во градот да добијат корпи за комунален смет.

„По завршувањето на овој пилот проект и сумирање на резултатите за кој сме убедени дека ќе бидат повеќе од задоволителни, во текот на наредната година ќе го зголемуваме интензитетот на акцијата се со единствена цел порационално  управување со отпадот и почиста животна средина.” – рече градоначалникот  Чадиев.

Зоран Јаневски

     



Share

Додади коментар