Продолжува интензивната комунална изградба во Кавадарци. Градежната механизација на фирмата „Градба промет“ ги изведува земјените работи од подготовката за асвалтирање на дел од улицата „Домовица“.
Во должина од 100 метри се врши формирање на коловозната лента, која се надоврзува на постојниот асвалт.
Улицата е со широчина од 5,5 метри, по што ќе следи поставување на рабници, како и тампонирање. На крајот ќе изврши асвалтирање.
Општината за овој проект има наменето 897.500 денари, средства обезбедени од буџетот - програма за комунална изградба.
ПОСТАВУВАЊЕ БЕКАТОН КОЦКИ ВО ДВОРОТ НА НОВИОТ ОБЈЕКТ ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА
Оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци започна со партерното уредување на дворот од новата градинката.
Бекатон плочките ќе бидат поставени на поголемиот дел од дворната површина, а на останатиот простор од дворот ќе биде извршено хортикултурно уредување обградено со ивичници.
Во овој објектќе бидат згрижени околу 100 деца од предучилишна возраст, а општината очекува тоа да го ублажи сегашниот недостиг од места во детската градинка.
Општината Кавадарци планира да се изгради нов објкет за згрижување на поголем број деца со што би се решил проблемот на недостиг на места во детската градинак.
Градоначалникот и Општината сериозно работат на проектот нов современ објект на детската градинка - се вели во известувањето од прес службата на општина Кавадарци.
Додади коментар