Koнечно денеска во функција е сајтот на државната изборна комисија, со што станаа достапни и податоците од гласањето
171.690 граѓани од вкупно запишаните во избирачкиот список 282.506 гласале на предвремените парламентарни избори во четвртата изборна единица. Избројани се 6585 неважечки и 165.105 важечки ливчиња, покажуваат податоците на ДИК од електронскиот внес. Во четвртата изборна единица се гласаше на 599 избирачки места.
Двете најголеми македонски партии добија по 10 пратенички места.
Во новиот состав на парламентот од СДСМ и коалицијата „Можеме“ , според симулацијата на мандати од ДИК, влегуваат Зоран Заев, Соња Мираковска, Миле Талевски, Даниела Колева, Панчо Минов, Лолита Ристова, Марија Костадинова, Костадин Костадинов, Павле Трајанов и Коле Чаракчиев.
Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ влегуваат Александар Николовски, Зоран Јованчев, Златко Пенков, Ане Лашковска, Дајанчо Ефтимов, Ели Панова, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелинка Петкова, Јадранка Поцкова.
A.Д

Додади коментар