Со обиколка низ централното градско подрачје денеска членовите на мото клубот Тиквеш Рајдерс Кавадарци ја најавија својата прва поголема хуманитарна акција. Имено тие годинава се чини први се сетија на дечињата кои во моментот се лекуваат на детското одделение при општа болница Кавадарци.Ако некој ги сретна и помисли дека момците немаат што друго да прават па се противат на ладното време и се возат со мотор, мислата ви е далеку од погрешна. Овие вљубеници во ѕверката на две тркала успешно ја покажаа и својата хумана страна.Самоиницијативно и со сопствени сретства набавија новогодишни пакетчиња и им го разубавија денот на дечињата во болница.Им посакаа побрзо закрепнување и многу здравје и среќа во новата година.Од името на мото клубот Тиквеш Рајдерс зборуваше Александар Атанасов кој јавно вети дека оваа иницијатива клубот ќе се потруди да стане традиција.
Не се само овие млади така навидум бесни како нивните миленици. Меѓу нив веќе има неколку татковци кои велат се би дале за насмевката на своите најмили. Моторот е само едно големо нивно хоби за кое потајно велат влегува во гените факт кој говори за најстариот член, претседателот на клубот и неговиот син Драган Гаго Петров.Тиквеш Рајдерс не сокрија дека имаат желба и од дечињата кои денеска ги посетија во иднина да добијат подршка, а пријатно се изненадија од нивните реакции и новогодишни песни. Моторџиите ги слушаа песните кои ги читаа мајките, а во кој дечињата го посакуваа дедо мраз со подароците на мотор. Ако не верувате во тоа ние денеска се уверивме. Секоја чест за момците моторџии и нека им служат како пример на останатите.За нивните пакетчиња ќе зборуваат дечињата, кој место кацики денеска добија и новогодишни капчиња.
M.M
Додади коментар